Дневен хороскоп (16.01.2018) Вторник
Овен (21.03 – 20.04) Секоја новост во работата за вас е дополнителен стрес. Многу сте привлечни за спротивниот пол, за што и самите сте свесни. Чувајте се од тајни врски. Ако бидете трпеливи, ќе успеете да ги разрешите здравствените проблеми кои ве оптеретуваат. Бик (21.04 – 21.05) Се надевате на позитивни резултати за работите кои ги правите, но нема да оди се онака како што се надевате. Нетрпеливи сте кон партнерските грешки и маани, не сакате да чекате да се поправи. Чувајте се, можни се изгореници. Близнаци (22.05 – 22.06) Имате претерано изразена желба за докажување. Чезнеете да бидете во подобри односи со парнерот, а не знаете како да му пријдете, односно да бидете поблиску до него. Извесно олеснување ќе донесе некое патување или контакт со лицата од далеку. Зголемена нервоза. Рак (22.06 – 22.07) Околу секоја ситница правите голема галама и тоа повеќе не го криете од околината. Крај на едно и почетокот на ново љубовно поглавје е пред вас. За некои од вас тој проце...